| TIP.COM.MK - Обложувалница |
| |
 |
| |
Добро дојдовте на страната на Tip.com.mk која е наменета за дружење, забава и пред се истакнување на вашето знаење во светот на обложувањето.
Користење на ОН Лајн типување:
|
| |
 |
| |
ПРАВИЛА НА ИГРАЊЕ
Он лајн типување има за цел да ги спои лугето кои го сакаат обложувањето и кои сакаат да се натпреваруваат.
Правилата на игра се следните:
При секое креирање на нов профил на вашата сметка легнуваат 3000 денари кои се виртуелни пари како би можеле да играте. Покрај виртуелните пари имате бодови по кои се врши бодувањето и вашиот ранг за најдобар типувач. За секои 100 денари кои ќе ги освоите во текот на играта на вашето конто легнуваат 10 бода и на тој начин вие се качувате погоре на листата на најдобри типувачи и освојувате некоја од наградите. Исто така со секое вложување на пари при креирање на тикет бодовите се намалуваат.
Доколку на вашето конто нема повеке виртуелни пари, при креирање на тикет и вложување на пари системот ќе ве извести дека немате доволно сретства на вашето конто и ќе ви се појави панел каде можете да си надополните. Максималната сума за надополнување е 10 000 денари а тоа значи дека ќе ви бидат одземени 1000 бода.
Најдобар типувач е оној кој на крајот на месецот ќе има највеќе бодови.
Исто така можете да надополните пари преку вашиот профил. |
| |
КРЕИРАЊЕ НА ПРОФИЛ И НАЈАВУВАЊЕ
Откако ке пристапите на ОН лајн типување ќе ви се појави панел каде треба да се логирате. Доколку немате креирано свој профил морате да го креирате на следниов начин:
- Кликнете на линкот Креирај нова сметка
- Откако ќе кликнете ке ве однесе на форма за пополнување каде ќе морате да ја пополните со валидни податоци и тоа Име, Презиме, Меил адреса, во спротивно нема да можете да подигнете награда.
- Откако ќе ги пополните сите полиња на формата со валидни податоци кликнете КРЕИРАЈ. Вие веќе сте влезени во системот, меѓутоа вашиот профил сеуште не е активен. За да стане активен морате да се закачите на вашиот Маил и да кликнете на линкот кој ви се испраќа.
На тој начин вие го валидирате и веќе од следниот момент можете да учествувате во играта.
Вратете се на панелот за логирање и внесете си го Корисничкото име и лозинка кои вие самете сте си го запишале. ПРИЈАТНА ЗАБАВА! |
| |
|
| |
ИЗБОР НА ЛИГИ И НАТПРЕВАРИ
За да почнете со креирање на тикет и преглед на понудата, од левата страна горе ке го видите панелот во кој имате повеќе спортови. Кликнете на ФУДБАЛ и ке ви ги појават сите лиги и натпревари. |
| |
|
| |
|
Со кликање на една од лигите во средишниот дел на апликацијата ке ви се појави нов панел со парови и нивните коефициенти. Со повторно кликање на истата лига ја затворате.
Во горниот дел на тој панел се наогаат сите типови на игри како што се: конечен резултат, прво полувреме, двојна шанса, полувреме крај итн. |
| |
КРЕИРАЊЕ НА ТИКЕТ
Со клик на даден коефициент вие почнувате да го креирате тикетот. Со внесување на повеќе парови на еден тикет ви се нуди можност за играње на фиксен тикет, систем или систем во систем за оние кои ја сакаат комбинаротиката. |
| |
|
| |
|
Откако ке го наполните тикетот со соодветните натпревари кои сакате да ги играте, со избор на копчето СИСТЕМ ВО СИСТЕМ кое се наоѓа на горниот дел од тикет-панелот ќе ви се отвори додадок со избор на три точки. Доколку ја одберете првата точка од трите тоа значе дека тој пар ќе ви биде ФИКС. Доколку ја одберете втората точка, автоматски типот го ставате во систем 1 и третата точка во систем 2. Соодветно на вашиот избор потребно е во делот кој се наоѓа веднаш врз уплатата да го подесите систем 1 и систем 2 како што е на сликата т.е да назначите каков тип на систем сакате да одиграте. На пр. 2/3, 1/3 5/7 итн. |
| |
|
| |
|
Со притискање на копчето пресметај ви го пресметувате максималната добивка на тикетот кој сте го изиграле.
Со притискање на УПЛАТИ вие веќе сте го уплатиле тикетот. |
| |
УРЕДУВАЊЕ НА СОПСТВЕНИОТ ПРОФИЛ
Во долниот лев агол се наоѓа панелот МОЈ ПРОФИЛ.
Овој панел служи за пред се делење на своето мислење со останатите играчи, совети и дружење како и пратење на своите тикети и тикетите на другите, нивните слики и друго. |
| |
|
| |
Има повеќе функционалности како што се:
- ЅИД - Каде што можете да оставите коментар за некој натпревар а останатите играчи да го запишат своето мислење.
- ТИКЕТИ - Пратење на своите тикети и тикети на останатите играчи, како на пример на најдобрите типувачи
- ГАЛЕРИЈА НА СЛИКИ - Да си поставувате свои слики, скенирани тикети и слично.
- УРЕДИ ПРОФИЛ - Можете да си ја промените сликата на вашиот профил, да си додадете слика во вашата галерија како и да избришете непотребна.
|
| |
|
| |
|